Мајк Тајсон со неколку видеа најави дека е можно негово враќање во рингот, веќе се говори против кого и каде, но и за сумите кои ги очекува поранешниот шампион.

Боксерската легенда која има 53 години, вели дека е близу до објавување на името со кое ќе влезе во рингот на првиот од неколкуте планирани егзебициски мечеви, објави и зошто ќе го направи тоа.

„Ќе ги земам тие пари и ќе им помогнам на бездомниците и ќе им помогнеме на браќата зависници. Затоа што и јас бев бездомник и бев зависник и знам колкава мака е тоа“ – изјави Тајсон.