Легендарниот Мајк Тајсон на прашање од новинарите, говореше за престојниот епски меч во тешка категорија меѓу Вајлдер и Фјури.

И двајцата боксери во својата кариера сеуште ја немаат почуствувано горчината на поразот, а првиот нивни дуел заврши нерешено.

„Во првата борба со Вајлдер се надевав дека Тајсон Фјури ќе победи. Секогаш навивам за него, затоа што името го добил по мене и мислам дека тоа е природно. Тајсон добро се носеше со него, добро боксираше. Не знаев дека Тајсон Фјури е толку добар боксер. Тоа е затоа што е висок и незгоден и не би помислиле дека некој што изгледа така може да биде добар боксер “-изјави бронзениот Мајк.

Мајк Тајсон важи за еден од најдобрите боксери во историјата и сеуште го држи рекордот на најмлад најмлад светски шампион во тешка категорија.