Познатиот боксер Мајк Тајсон го протресе боксерскиот свет признавајќи дека на контролите за допинг користел урина од сопругата и децата.

За Тајсон, кој е еден од најголемите боксери на сите времиња, светот слушна во 1986 година кога како 20 годишник стана најмлад првак во светот во тешка категорија.

„Најпрво ја користев урината на сопругата, се додека еднаш не ми кажа дека резултатите ќе покажат дека сум бремен. Тогаш одлучив дека е подобро да ја употребам урината од децата” – изјави Тајсон во разговор за ЕСПН.

Боксерот открива дека на најголем дел од мажите им е непријатно кога ќе видат друг машки полов орган, па ја вртат глава. Токму овие моменти тој ги користел за да ја подметне туѓата урина.