Мајк Тајсон потврди дека на 29 мај ќе се одржи борбата со боксерската легенда Холифилд и со тоа ги отфрли тврдењата дека преговорите за меѓу популарните ривали пропаднале.

Боксерските легенди во тешка категорија учествуваа во две неверојатни борби во 1996 и 1997 година кога Тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд.

И покрај нивната возраст (58 и 54 години) третата нивна средба беше извор на постојани пишувања откако минатата година се вратија на тренинг.

„Само едно сакам сите да знаат, борбата трае со мене и со Холифилд. Тој е скромен човек, го знам тоа. Тој е Божји човек, но и јас сум Божји човек. Ќе бидам успешен на 29 мај“ – потврди на Инстаграм Тајсон.