Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, се расплака во интервјуто со Шугар Реј Леонардо,

Зборувајќи за своето минато, Тајсон не се воздржа од напливот на емоции.

Знаев да се борам, бев борец и ја познавав уметноста на борбата и на војната. Затоа се плашеа од мене во рингот. Уништував луѓе во рингот. Бев роден само за тоа. Но, тие денови минаа и сега сум празен. Сега сум никој и ништо. Работам на тоа да бидам скромен и воздржан, но плачам бидејќи сега сум друг човек. Ми недостасува минатото, го сакам тој Мајк од порано. Но истовремено се обидувам тој претходниот Мајк да го задржам внатре во себе, оти ако го пуштам – ќе настане пекол“.

Тајсон ја заврши кариерата во 2005 година.