Еден од најдборите боксери во историјата легендарниот Мајк Тајсон изјави дека Енди Руиз погреши со тоа што симна килограми во пресрет на реванш мечот против Ентони Џошуа. Тие по втор пат ќе се сретнат на 7 декември во Саудиска Арабија.

„Мислам дека нема смисла Но, секој има свој начин, секој има своја суета. Сакаат да изгледаат добро. Верувам дека ако нешто работи, не треба да се допира. Единствената нешто што треба да го прави Руиз е токму она што го работеше во претходниот меч“-изјави „челичниот“ Мајк.

На првиот меч во јуни годинава Руиз го прати Џошуа четири пати во нокдаун пред конечно да го нокаутира во седмата рунда.