Поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон за прв пат во својата 54 година ќе излезе на гласање за американските претседателски избори на 3 декември.

Тајсон беше лишен од правото на глас, откако во 1992 година беше осуден на шест години затвор поради силување.

„Ова ќе бде прв пат да гласам. Мисев дека тоа никогаш нема да го направам поради казнената евиденција и горд сум што сега тоа ќе можам да го направам“, изјави Тајсон.

Тој ќе гласа во сојузната држава Невада, а не обелодени дали ќе го поддржи актруелниот претседател Доналд Трамп или демократот Џо Бајден. На минатите избори јавно го поддржа Трамп.