Македонската јуниорска репрезентација со еден боксер ќе настапи на 38. издание на „Војвоѓанска  златна ракавица“ во Суботица.

Рпрезентативецот на Македонија, Александар Ристовски член на БК Шкендија Но Лимит ќе ја претставува нашата репрезентација во младинска конкуренција, на турнирот ќе настапат боксери од домаќинот Србија, Бугарија, Романија… Ова е исклучително силен турнир од А категорија на кој ќе има боксери кои се шампиони на Европа.

Со Ристовски отпатува и тренерот Васко Цубалевски, во нашата делегација е и судијата Стефан Цубалевски, натреварите започнуваат од утре кога ќе биде извршена ждрепката и ќе траат до недела.