Четворица млади боксери ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Софија, на кое учество ќе земат натпреварувачки од 19 земји.

Македонската кадетска репрезентација ќе ја претставуваат, Петар Арсовски во категоријата 46 килограми, Енис Алиу во категоријата 54 килограми, Бекир Лимани во 57 килограми и Кемал Фетаи во категоријата 60 килограми.

Тренер на репрезентацијата е Владимир Цекиќ. Ждрепката ќе се одржи денеска, натпреварите започнуваат од утре.