Македонската јуниорска боксерска репрезентација ќе настапи со тројца боксери на престижниот меѓународен турнир „Војвоѓанска ракавица“ кој започнува од утре ( четврток ) и ќе трае до недела.
Македонија ќе ја претставуваат Ферид Хоџа, Александар Ристовски и Хурмет Јонузов. Сите тројца ќе боксуваат утре по 16 часот,  Хоџа за противник го има Гал Сепик од Словенија во категоријата 69 кг,  во истата категорија ќе боксува  и Александар Ристовски против Милош Красничи од Црна Гора, борби од осминафиналето.  Хурмет Јонузов во четвртфиналето  за противник го доби Сома Местер од Унгарија во категоријата 75 кг.
Овој турнир на кој ќе учествуваат  190 боксери во двете конкуренции ќе биде добра проверка пред настапот на Европското првенство за јуниори кое во септември ќе се одржи во Софија, Бугарија.