Бронзениот медал на младиот Ардијан Аземи освоен на ЕП во Будва му донесе финансиска награда од 100 000 денари од Град Скопје.

На денешниот прием, боксерот на Шкупи заедно со претседателот на БФМ, Примислав Димовски и претставниците од боксерскиот клуб Шкупи се сретнаа со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, неколку години наназад. Во последниве 6 години постојан член на „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација на Република Северна Македонија го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување.Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година 40.000 денари за активностите на клубот.“ – соопштија од Град Скопје.