Македонија со тројца боксери ќе настапи на Европското првенство за младинци во Будва кое започнува од утре.

Нашите репрезентативци ги дознаа противниците, Илхан Озмен ќе го прескокне првото коло согласно епилогот од ждрепката.

Во категоријата 64 кг, Илхан Озмен во второто коло ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.

Ајхан Озмен во категоријата 75кг, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.

Ардијан Аземи во категоријата 91 кг, за противник во првото коло го има Јакуб Стражевски од Полска, оваа борба е на програмата утре.