Еден од најголемите боксери на сите времиња Флојд Мејведер објави дека завршуа со својата професионална кариера.

42-+годишниот Мејведер долги години е во врвот на светскиот бокс, а оваа одлука помалку ги изненади сите, поради изјавите на Американецот дека сеуште има сила и мотиви да боксува. Последен пат во рингот Мејведер се најде во 2017. година кога во Лас Вегас го совлада Конор МекГрегор, а од тогаш се појавија шпекулации дека можно е повторно да се врати во рингот и да се бори против Мани Пакиао.

Мејведер својата кариера ја заврши со размер 50:0 и 12 освоени светски титули.