Ентони Џошуа ќе има можност да му се реваншира на Енди Руиз Јуниор на 7 декември во Саудиска Арабија за поразот во јуни кога ги загуби сите три титули (ИБФ, ВБО, ВБА) во тешка категорија во бокс.

Британецот Џошуа беше шокиран пред два месеци од Руиз  во Њу Јорк кој му го нанесе првиот пораз во кариерата во 23 професионална борба во рингот.

Инаку Џошуа инситираше реваншот да се одржи во Кардиф но тоа го одби Руиз, кој настапува под знамето на САД а има потекло од Мексико.