На 66-годишна возраст почина легендарниот американски боксер Марвин Хаглер. Тој беше неприкосновен шампион во средна категорија од 1980 до 1987 година и забележа 52 нокаути во текот на кариерата.

Хаглер кој го имаше прекарот „чудесен“ е еден од најголемите боксери на сите времиња во средна категорија, магазинот „Ринг“ го прогласи за четврти најдобар во средна категорија на сите времиња.

Во кариерата водеше историски борби со Роберто Дуранд, Томас Хернс и Шугар Реј Леонард.

Последната борба во неговата кариера беше против Леонард во 1987 година во Лас Вегас. Леонард победи со поделена одлука, а до денес судијата е меѓу најдискутираните во историјата.