Враќањето на 54 годишната боксерска легенда Мајк Тајсон во рингот со мечот против ри години помладиот Рој Џонс е пролонгиран и наместо во септември ќе се одржи на 28 ноември.

Мечот е одложен од 12 септември за крајот на ноември со цел, како што порача нескромно порача Тајсон, „што повеќе луѓе да бидат сведоци на најголемото враќање во историјата на боксот“.

Новиот термин се поклопува со Денот на благодарноста, а од промотивната агенција која го организира мечот соопштија дека продолжениот викенд за време на големиот американски празник е многу поприфатлив термин.

Мечот Тајсон – Џонс треба да се одржи во Калифорнија, а предвидени се сум рунди.

Последната борба Тајсон ја имаше во 2005 година кога загуби во Вашингтон од Иресот КевинМекбрајд.