Американската боксерка Вирџинија Фукс беше позитивна на допинг тестот, поради што за малку ќе останеше без настап на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Токио.

На Фукс и се закануваше повеќегодишна суспензија, но таа успеа да докаже дека забранетите супстанци во телото не се внесени по нејзина директна вина.

Со дополнително тестирање се потврдиле нејзините наводи дека до пренос на супстанците дошло при незаштитен сексуален однос кој го имала со партнерот. Во март било потврдено дека таа е позитивна на две недозволени супстанци, а потоа признала дека истите ги користел нејзиниот партнер.

„Ова е голема лекција за мене и сега кога се’ е готово целосно сум посветена и сконцентрирана за Токио.“ – напишала 32 годишната боксерка на Твитер.