Хрватите најавуваат дека боксерскиот спектакл меѓу Бугаринот Кубрат Пулев и Ентони Џошуа може да се одржи во Пула.

Борбата за наслвот во тешка категорија меѓу Пулев и Џошуа долго се најавува, поради пандемијата од коронавирусот беше одложена борбата за 20. јуни во Лондон.

Сега Хрватите се надеваат дека спектаклот може да се одржи во арената во Пула, менаџерот на Пулев ги потврди преговорите.

„Веќе разговаравме овој меч да се одржи во Пула, условите во римскиот амфитеатар се спектаклуларни, се надеваме дека Џошуа ќе прифати борбата да се оджи во Хрватска“  – изјави Ивајло Гоцев, менаџерот на Пулев.