Деонтеј Вајлдер го доживеа својот прв пораз во кариерата. Ноќеска во Лас Вегас него со технички нокаут го совлада предизвикувачот Тајсон Фјури, кој му го одзеде шампионскиот појас според ВБЦ верзијата.

Како што пишува Boxing Scene, сега Вајлдер има 30 дена, пропишани со договорот, за да побара реванш и трет меѓусебен меч. Првиот меч заврши без победник, вториот со нокаут на Фјури во седмата рунда, а третиот дуел може да се случи веќе во јуни или во јули оваа година.

Двајцата од судиите му ги дадоа сите рунди на Тајсон Фјури, додека третиот судија една рунда му даде на Вајлдер. Пред нокаутот, Фјури двапати го испрати Вајлдер во ногдаун.

За Фјури ова е 31 победа во кариерата и засега е непоразен. Сегашната титула му е втора, откако првата ја заработи со победата над Владимир Кличко во 2015 година.