Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, го покани светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури да ја посети клупската тренинг база и да разговара со фудбалерите, со цел да ги мотивира за претстојните предизвици.

Според информациите на Metro.co.uk, Фјури се согласи, бидејќи е познат како голем фан на Манчестер Јунајтед.

Тајсон Фјури ќе се појави и на средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на 8 март.