Мајк Тајсон е задоволен од конечниот исход од бокс мечот против Џонс. Популарниот Мајк по 15 години се врати во рингот и покажа дека некои работи не се менуваат.

„Ова е подобро отколку да се бориш за титулата. Сега сме хуманитарци. Можеме да направиме нешто добро за светот. Ќе го направиме ова повторно, апсолутно сум за нова борба. Ова беше одлично реми, затоа што го забавуваше светот. Навивачите се среќни, Никој не мислеше дека ќе има осум рунди, но ја задрживме дистанцата а тоа е боксот. Среќен сум што сум тука и покрај сите спротивни коментари. Порано бев навикнат на борба од три минути, навистина сум среќен што повторно го облеков појасот и ќе продолжам да го правам ова.“ – изјави Мајк Тајсон.