Поранешниот неприкосновен првак во бокс, Мајк Тајсон се поблиску е до враќање во рингот. Овој пат, целта е различна, односно средствата од мечевите ќе одат во хуманитарни цели.

Најмладиот првак во историјата објави ново видео каде ги покажува своите вештини и неверојатна сила. Тој на радост на фановите испрати порака дека се враќа во боксот.

Легендарниот Американец пред неколку дена порача дека сака да се бори како би им помогнал на бездомниците и луѓето кои ги уништи дрогата.