Пернел Витакер, поранешен светски првак во бокс, трагично загина откако во него удри автомобил, тој беше и Олимписки шампион, титулата ја освои на игрите во Лос Анџелес 1984 година.

Витакер почина на 55 годишна возраст, во својот роден град  Вирџинија каде работеше како тренер по завршувањето на кариерата.

Откако стана Олимписки шампион во 1984 година, продолжи како професионалец и беше светски првак во четири различни категории и се смета за еден  од најдобрите дефанзивци во историјата на боксот.

Витакер во кариерата имаше 45 меча, победи на 40, во периодот од 1993 до 1997 година го сметаа за најдобриот боксер во светот.

Според многумина беше во рангот на Мухамед Али .