Светскиот шампион во тешка категорија, според ВБЦ, Дионтеј Вајлдер ги коментираше зборовите на својот противник Тајсон Фјури, кој вели дека на реванш средба ќе биде отворен и агресивен.

Сите знаете дека постојано бев во напад на нашиот прв меч, а тој постојано ја избегнуваше отворената борба. Ако сега вели дека ќе се впушти во отворена борба, тогаш ќе гледате интересен меч, интересен ама краток. Тоа можам да му го порачам – ќе биде кратка боксерска ноќ, бидејќи не ме плаќаат за прекувремена работа“, изјави Вајлдер за BoxingScene.

Вајлдер има 42 победи (41 со нокаут) во 43 меча. Тајсон, пак, има 29 победи (20 со нокаут) во 30 меча. Нивниот прв дуел во декември 2018 година заврши нерешено.

Реванш мечот е закажан на 22 февруари.