Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер воопшто нема проблем да не се бори по трет пат против Тајсон Фјури и со ова да го отстапи „редот“ на Ентони Џошуа. Валјдер постави два услови за тоа да се случи, еден од нив е финансиски, што не е ни изненадување.

Според Essentialsports.com, Вајлдер се согласил да се откаже од своето место за борба против Фјури доколку му бидат понудени 10 милиони долари. Негов друг услов е да се бори против победникот од дуелот Ентони Џошуа – Тајсон Фјури.

Промоторот на Џошуа, Еди Харн, даде краток коментар на овој предлог. – Никогаш не кажувај „никогаш“, но е малку веројатно, вели Херн.