Неколку дена по борбата, се уште се актуелни случувањата пред и по таа борба.

Деонтеј Вајлдер постепено го расипува впечатокот на коректен борец, кој ете доживеа пораз во борба со претендентот. Вчера тој најпрво го обвини својот тренер за фрлениот пешкир, а потоа рече дека вината за поразот лежи во тешкиот костим со кој влезе во арената.

Денеска тој го обвини и својот противник за кого кажа дека боксувал прљаво.

Го поздравувам Тајсон Фјури. Многу се радувам за него и за неговиот успех. Тој имаше одличен план. Тој не излезе во рингот за да боксува, тој излезе за да ја направи борбата што е можно попрљава. Боксуваше прљаво и судијата му го дозволи тоа. Но, јас сепак го поздравувам“, изјави Вајлдер за  BoxingScene.

Вајлдер ја искористи можноста од договорот и побара реванш од Фјури.