Реванш дуелот помеѓу Дионтеј Вајлдер и Луис Ортиз ќе се одржи на 23 ноември во Гранд арената во Лас Вегас. Вајлдер по 10-ти пат ќе ја брани ВБЦ титулата во тешка категорија.

Во првата борба во март 2018 во одличен меч Американецот го нокаутира Ортиз во 10 рунда, иако претходно и тој се најде на подот во 7 рунда.

По неговиот прв пораз во кариерата, 40-годишниот Ортиз ги нокаутира Травис Кауфман и Разван Којану, а на поени го совлада Кристијан Хамер. Вајлдер по првото претставување со „Кинг Конг“ ремизираше со Тајсон Фјури и потоа во мај го нокаутира задолжителниот предизвикувач Доминик Бризил.

Доколку Вајлдер повторно биде успешен против Ортиз, се очекува негова втора пресметка со Фјури.