Деонтеј Вајлдер за својот пораз од Тајсон Фјури го обвини костимот со кој излезе на рингот.

„Тој костим беше претежок за мене. Веќе на почетокот на мечот не ги чувствував нозете, а во третата рунда тие не ме слушаа. Но, јас сум воин и тоа сите го знаат. Направив се што можев, но немав сили во нозете.

Кога првпат го облеков костимот, ден пред борбата, тој не ми изгледаше тежок, иако тежи 20 кг. Желба ми беше костимот да го посветам на месецот на јужноамериканската историја“, изјави Вајлдер за Yahoo Sport.

Поразот од Фјури е прв во кариерата на Вајлдер.