Деонтеј Вајлдер е крајно незадоволен од потегот на Марк Бреланд, помошникот на неговиот тренер Џеј Деас. Како што е познато помошникот е тој што ја прекина борбата со Тајсон Фјури, со тоа што го фрли пешкирот во ринг во седмата рунда од мечот.

Многу пати сум им рекол – кој ќе фрли пешкир во ринг нека чека последици од мене. Подобро беше да умрам во рингот него вака да се предадам. Јас сум борец и на секој меч сакам да го уништам противникот, исто како што и тој сака мене. Не сакам да имам во главата негативни мисли и да ширам теорија на заговор, но морам да признам дека такви мисли ми се вртат во главата“, изјави Вајлдер за The Athletic.

Веќе стана познато дека Вајлдер ја активираше опцијата да побара реванш, така да нивниот трет меч ќе се одржи ова лето.