Шампионот во тешка категорија во верзијата WBC, Дионтеј Вајлдер го повика поранешниот шампион Тајсон Фјури да го признае поразот, ако биде нокаутиран.

Многу работи што ги прави Фјури ме тераат да мислам дека ги прави само за да може подоцна да бара оправдување за поразот. Имал тежина, не бил во форма, немал доволно време за подготовки, промена на тренерот. Не сакам да ги слушнам неговите оправдувања, откако ќе го нокаутирам“.

Реванш мечот ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас.