Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер ја вжешти атмосферата во очекување на реваншот против Тајсон Фјури, откако утрово ја проследи борбата на Британецот против Ото Валин. Според шампионот на „ВБЦ”, Фјури не е истиот боксер и токму тој „ја завршил неговата кариерата”.

„Секој што го гледаше овој меч знае дека Фјури не е истиот боксер. Ќе му ставам крај на кариерата. Јас сум најлошата личност на планетата.Не е истиот боксер по првиот меч на кој му нанесов потрес на мозокот“- изјави Вајлдер.

За потсетување првиот меч помеѓу овие двајца заврши нерешено, а прашање на време е кога ќе биде закажан вториот меч.