Вторите Европски игри кои се одржуваат во Минск свечено ќе бидат отворени вечерва. Македонската делегација во некомплетен состав е веќе во Белорусија, знаменосец на свечената церемонија ќе биде Гоце Јанески боксерскиот   репрезентативец.

Боксерите ги добија своите противници , сите ќе настапат утре, Јанески и Етеми ќе ги почнат борбите од второто коло, бидејќи во првото двајцата се слободни.Во категоријата 60 кг Јасин Љама за противник го доби  Тадеј Цернога од  Словенија.  Гоце Јанески во категоријата 69 кг –за противник го има  Киран Молој  од Ирска  во второто коло во кое ,  во категоријата 75 кг,  Арсим Етеми ќе се сретне со  Макс Ван Дер Пас  од Холандија.