Македонскиот младински репрезентативец Ардијан Аземи загуби од Русинот Владилсав Комаров во полуфиналето на Европското првенство во бокс во Будва, на поени со 3-2 во категоријата до 91 килограми.

Аземи боксуваше одлично во битката за финалето, беше рамноправен во текот на целата борба и загуби тесно со одлука на судиите, но покажа дека е иднината на македонскиот бокс.

За Македонија ова е прв боксерски медал од 1995 година, кога Примислав Димовски се закити со бронза на Европското првенство во Турција.