Македонскиот репрезентатиец Ардијан Аземи обезбеди најмалку бронзен медал на младинското Европско првенство кое се одржува во Будва и во петок ќе се бори за пласман во финалето.

Аземи го обезбеди медалот по победата против хрватскиот боксер Дује Гацина со едногласна одлука на судиите.

Ова е историски резултат за македонскиот бокс во младинска конкуренција, а Аземи задутре ќе се бори и за пласман во финалето и титулата европски првак.