Александар Усик  од Украина, го победи на домашно тло, Ентони Џошуа и стана нов светски шампион во тешка категорија, во верзиите ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО.

Усик доби едногласна  одлука од судиите за победа против  Британецот Ентони Џошуа на стадионот на Тотенхем во Лондон пред 70.000 навивачи.

За Усик, во тешка категорија ова е само третиот триумф, а со победата  против Џошуа стигна до 19 победа во својата професионална кариера,  Британецот го претрпе вториот пораз, досега во 24 борби беше победник.