Соочувањето на Тајсон Фјури и на Деонтеј Вајлдер ја разбранува публиката која со нетрпение го очекува соочувањето на двајцата боксери закажано за 3 наутро во недела по средноевропско време.

Официјалното мерење на телесната тежина на двајцата боксери утрово покажа разлика. Фјури има 123 килограми додека Вајлдер има 104 килограми.

Првото соочување на овие двајца „тешкаши“ беше на 1 декември во 2018 година и заврши нерешено.

Влогот е голем, наградата е шампионскиот појас во ВБЦ супертешка категорија.