Tајсон Фјури  стигна до втората победа против Деонтеј Вајлдер во третиот меч. Откако нивниот прв натпревар во декември 2018 година заврши без победник, во февруари минатата година Фјури беше доминантен и победи со технички нокаут во седмата рунда, Фјури синојќа славеше со нокаут во 11 -та рунда.

„Циганскиот крал“ го отвори мечот подобро од „Бронзениот бомбардер“ и успеа да го собори Вајлдер во третата рунда, но потоа во четвртата рунда речиси бевме сведоци на најголемиот пресврт во оваа трилогија.

Двапати Вајлдер го собори Фјури во четвртата рунда и се чинеше дека е готово , за потоа од петтата до 11 -тата рунда Фјури да се врати максимално и целосно да доминира додека не го нокаутираше во 11-тата рунда.

Фјури сега најверојатно ќе се бори со победникот од судирот помеѓу Дилијан Вајт и Ото Волин, и можно е да го гледаме неговиот судир со Олександр Усик.