По борбата во која го нокаутира Дионтеј Вајлдер, Тајсон Фјури во свој стил.

Најпрво се испофали самиот:

„Реков дека кралот на циганите ќе се врати и ќе седне на тронот. После мојата последна борба сите ме отпишаа. Имав премалку килограми и бев претрениран. Ама јас сум разорнувач. Им ветив на Вајлдер и на неговиот тим дека тренирам за да го нокаутирам и го исполнив тоа, бидејќи сум човек од збор. Луѓето често ме отпишуваат кога ќе го видат мојот стомак и ќелавата глава, мислат дека не знам да се борам.

Потоа го пофали својот противник:

„Очекувам Вајлдер да ми побара реванш. Тој е воин. Морам да го пофалам, бидејќи покажа дека има срце на шампион. Стана и издржа до седмата рунда, затоа што е вистински борец. Сигурен сум дека повторно ќе биде шампион, но засега тоа сум јас“.

На крајот Фјури им ја отпеа на присутните песната „American Pie“ на Дон Маклин.