Македонскиот младински репрезентативец Илхан Озмен, ги заврши настапите на Европското првенство во Будва по поразот од Ерменецот Вахаг Глустјан во категоријата 64 килограми.

Нашиот боксер загуби со 5-0 со одлука на судиите во борба во која покажа дека има квалитет. Следен кој ќе настапи на ЕП во Будва и од кој се очекува висок пласман на првенството е Ардијан Аземи, тој за противник утре го има Хрватот Гацина Дује.