Младиот 22-годишен Британец, Даниел Дубоа, со брутален нокаут во втората рунда ја совлада јапонската кик-бокс легенда Кјоторо Фуџимото. Овој меч од тешката категорија се одржа во Лондон.

За Дубоа ова е 14-та победа во исто толку мечеви и 13-ти нокаут. По борбата, Дубоа веднаш го предизвика Џо Џојс, кој ја следеше борбата во салата.