Еден од најдобрите боксери во историјата Мајк Тајсон ја подучуваше на боксерски вештини тенисерката Серена Вилијамс.   53-годишниот Тајсон беше воодушевен од тоа што го виде во кампот на Патрик Муратоглу на Флорида, па на „Твитер“ порача дека не би сакал да се најде во ринг против Серена.

За напомена ќерката на Тајсон, пак тренира тенис и важи за една од најголемите американски надежи во овој спорт, а тоа го потврди и самата Вилијамс, која пак е рекордерка по бројот на Грен слем титули.