Мајк Тајсон се подготвува за спектаклот во ноември, борбата со Рој Џонсон Јуниор, тренира напорно но и се храни поинаку за новиот предизвик.

Поранешниот број 1 во боксот, има 54 години, тоа е само бројка, тренира напорно и покажа дека може да биде во топ форма.

„Се подготвувам и јадам само месо од бизон. Ми стана јасно дека работите кои се добри, зеленчукот и овошјето, сега за мене се отров. Сакам да бидам многу силен! Поради тоа што јадам се чувствувам уште посилен. Кога во 2009 година станав вегетаријанец тоа ми помогна да ги решам проблемите кои ги имав со дрогите и алкохолот. Не можев да дишам. Сега ситуацијата е поинаква“, изјави „Железниот Мајк“.

Тајсон сериозно се подготвува за мечот на 28 ноември против Рој Џонсон Јуниор.

 

 

Age is nothing but a number for Mike Tyson

Mike Tyson is still training for his new fight 😳 (via kingsmma_hb, miketyson/Instagram)

Gepostet von SportsCenter am Donnerstag, 17. September 2020