За многумина стручњаци од светот на боксот, Мајк Тајсон важи за најдобриот боксер во тешка категорија, а „Челичниот Мајк“ на својот Твитер профил објави видео на кое покажува дека сеуште има вештина.

„Не се враќам во ринг, но би можел, само платете однапред. Сакам да разговарам со новите генерации за бокс“ – напиша Тајсон.

Тајсон веќе 14 години е во пензија,а неговиот рекорд како најмлад светски шампион во тешка категорија сеуште е недостижен. Тајсон во својата кариера победил 50 пати во вкупно 56 борби, а 44 ги завршил со нокаут.