Светскиот првак во тешка категорија Енди Руиз интензивно се подготвува за реванш мечот против Ентони Џошуа кој ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.

На интернет излезе снимка од еден од неговите тренинзи во кој Руиз при серија на удари со неговиот тренер, случајно со лево кроше го погоди по брадата. Среќа неговиот тренер се покажа дека има цврста брада, а сето тоа може да го погледнете во следното видео.