Ардијан Аземи го чека тешка борба за пласман во финалето на младинското Европско првенство во бокс во Будва на кое македонскиот репрезентативец веќе постигна историски резултат со пласманот во полуфиналето и обезбедниот најмалку бронзен медал,

Аземи во полуфиналето кое е на програмата во петок за пласман во финалето ќе ги вкрсти ракавиците против Русинот Владислав Комаров.

Аземи веќе постигна историски резултат за македонскиот младински спорт, откако со триумфот во четвртфиналето против Хрватот Дује Гацина со едногласна одлука на судиите отигна до полфиналето и обезбеди најмалку бронзен медал од Евроското првенство во Будва.