Ерол Спенс во главниот меч од боксерскиот спектакл во Лос Анџелес го совлада шампионот во ВБЦ категоријата Шон Портер  и со самото тоа ги обедини титулите во велтер категоријата. Во напната и рамноправна борба, Спенс успеа една да го собори Портер со кроше во 11.рунда.

Ова за Спенс беше 26 победа во кариерата, а сеуште нема доживеано пораз. Со оваа победа ја отвори вратата за борба со легендарниот Мани Пакијао.

Дејвид Бенавидез (22-0, 19 КО) си ја врати титулата шампион на ВБЦ во суперсредна категорија која му беше одземена пред една година поради позитивен тест на кокаин.

22-годишниот мексиканско-американски боксер доминираше во вториот дел од борбата и аголот на 12 годишни постариот Ентони Дирел ја прекина борбата во 9-тата рунда, додека Марио Бариос ја освои титулата во суперлесна категорија победувајќи го Батир Ахмедов.