Легендарниот  Мајк Тајсон е несомнено еден од најголемите боксери во историјата на спортот. Тој го држи рекордот за најмлад светски шампион во тешка категорија, титула  која ја освои на 20 години, 4 месеци и 22 дена. Во кариерата забележа 50 победи, од кои 44 беа со нокаут, а има шест порази и две од борбите беа прогласени за неодржани.

Тајсон се повлече од боксот во 2005 година, откако загуби од Кевин МекБрајд и влезе во серија од 2 последователни порази. Неодамна реши да одговори на прашањата што му ги поставија неговите обожаватели на социјалните мрежи и еве што ијзави за можната битка по прваилата на ММА во УФЦ:

„Јас сум голем обожавател на УФЦ и ги следам внимателно. Не знам како ќе се справам во УФЦ. Неколку пати го гледав УФЦ и видов дека одредени борци им стапнуваат на нозете на противниците, а јас ги имам најлоши нозе на светот. Ако некој ме стапне на ногата, веднаш ќе се предадам. Мислам дека бев роден со таа сила во раце, но еволуирав преку советот на Кус Д’Амато, кој постојано ми велеше да се движам и да удирам со лоши намери. Не се хранам со работи што имаат мајка и татко. Се хранам само со овошје и зеленчук“-изјави челичниот Мајк.