Промотерите на Фјури и Џошуа имаат преговори за одржување на меч меѓу овие двајца кои ги држат сите четири појаси во тешка категорија. Коронавирусот ги спречи мечевите меѓу Фјури-Вајлдер и Џошуа-Пулев, кои требаше да се одржат во САД, односно Велика Британија.

Сепак, поради ситуацијата многу веројатно  оваа година не е реално да се одржат овие мечеви, па промоторот на Џошуа, Еди Херн истакна дека имал контакт со менаџерската компанија на Фјури МТК Глобал.

„Разговараме со МТК за тоа каде и кога ќе се случи таа борба. Во моментов, главниот фокус на сите е да се договори тој меч“– изјави Херн за ЕСПН.

Евентуалниот меч меѓу двајцата Британци би требало да се одржи во Саудиска Арабија.