Една од најголемите и најпрестижни манифестации во земјата неделава ќе го има своето јубилејно 50 издание. Станува збор за боксерската манифестација „Златен Гонг“ која ќе се одржи од утре до сабота во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија ќе ја претставуваат 4.боксери.

Јубилејот од половина век од одржувањето на првата боксерска манифестација го става „Златен гонг“ на позиција на македонски спортски бренд“– изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Досега „Златен гонг“ го освојувале голем број легендарни македонски боксери, а меѓу нив се наоѓаат и Аце Русевски, Вели Мумин, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски и Примислав Димовски.

Покрај Македонија на овогодинешниот „Златен Гонг“ учество земаат и боксери од уште седум држави.