Нашиот борач, по првата победа на ЕИ Минск 2019, Владимир Егоров,  доживеа пораз од Махир Амирасланов од Азербејџан со резултат 4:0.

Бидејќи по победата над рускиот борач Завур Угуев (3:2), Амиралсанов се пласира во финалето на ЕИ, нашиот Владимир Егоров се здоби со шанса да се бори во репасажот, противник е бугарскиот борач Георги Вангелов, кој исто така загуби од Махир Амирасланов, со  резултат 6:5.

Оваа борба треба да започне во 10:00 часот по македонско време и доколку Егоров го победи бугарскиот борач Вангелов.  за да го освои бронзениот медал ќе треба да победи во уште една борба, најверојатно против рускиот борач Завур Угуев.

Денеска  свој старт ќе има и вториот наш борач, Магомедгаджи Нуров кој ќе се бори во првото коло против Лукас Красаускас од Литванија, а неговата борба на распоред е околу 11:20 часот по македонско време.